Фондацијата Метаморфозис објавува повик со барање на понуди од добавувач/и на консултантски услуги: три посебни надворешни евалуации на влијание (external impact assessment) за следните активности:

  • Проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните“ – www.mek.mk (2010)
  • Активностите на Метаморфозис за развој на нови и социјални медиуми како средство за развој на демократијата во РМ (2009-2010)
  • Активностите на Метаморфозис за промоција и заштита на правото на приватност во РМ (2009-2010)

Активностите на сите горенаведени проекти се во тек, а евалуацијата треба да заврши веднаш по нивното затворање, ориентационо предвидено за наредните 3 месеци. Прецизната временска рамка ќе биде определена со избраниот подизведувач за секоја евалуација посебно.

Фокус на секоја евалуација е влијанието на активностите врз определената целна група и до кој степен е одговорено на постоечките потреби од дадената област и директно и во поширокиот општествен контекст. При тоа може да бидат опфатени и прашањата на ефективност, продукт и задоволство на корисниците. Покрај јавно достапните податоци, на евалуаторите на располагање ќе им биде архивата на Метаморфозис и проектните партнери, персоналот и податоците за контакт на луѓето поврзани со проектите.

Еден од резултатите на евалуацијата мора да бидат и препораки за понатамошни активности (follow up) за задоволување на потребите на граѓаните, кои во дадените области како тековни и идни ги перципираат заинтересираните страни (stakeholders).

На повикот може да учествуваат правни лица – консултантски куќи и невладини организации со искуство од евалуација на проекти, кое ќе го демонстрираат со портфолио на досегашни сродни активности. Дополнително, искуство во тематските области на проектите ќе се смета како предност.

Секоја понуда треба да содржи писмо за мотивација, концизен предлог-план за спроведување на евалуацијата, како и портфолио на организацијата и CV-а на предвидените евалуатори.

Рок за поднесување на понудите е 15 ноември 2010 година во 16 часот, исклучиво по е-пошта на адресата info@metamorphosis.org.mk.

За дополнителни информации и консултации може да се обратите на програмскиот координатор Филип Стојановски на фиксен тел. 3109 325 или моб. 075 495 306.

Сподели: