• За канцеларијата на КОЗ од Дебар беа донирани два компјутера, комуникациска опрема, книги и останат канцелариски материјал, како и промотивен материјал.
  • Во општина Гостивар за потребите на КОЗ беа донирани два компјутери, десктоп и лаптоп, како и комуникациска опрема, мебел, книги и промотивен материјал.
  • Канцеларијата на КОЗ од Тетово беше опремена со два компјутери, мебел и комуникациска опрема, книжен и промотивен материјал.
  • Комисијата за односи со заедниците од општина Чаир доби 2 компјутера и промотивен материјал – постери и флаери.

Основањето на ваквите 4 канцеларии се одвива за прв пат во земјата, во која 21 општина имаат законска обврска да имаат вакви комисии, кои претставуваат советодавно тело на Советот како дел од системот за градење доверба меѓу етничките заедници.

Во донацијата за опремување на канцелариите за КОЗ во четирите пилот-општини од проектот МЕК учестуваа:

Донацијата не е дел од буџетот на проектот МЕК туку претставува дополнително генерирана вредност.

Донираната опрема е користена и целосно функционална, а оваа активност претставува практична примена на залагањата за решавање на прашањата со е-отпад преку повторна употреба на електронски уреди кои се развиваат во рамки на проектот Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад (BEWMAN), односно рециклирање на употреблива ИКТ опрема.

ФИООМ учествуваше со донација на 6 десктоп компјутери. Метаморфозис донираше два компјутера (десктоп и лаптоп), комуникациска опрема (рутери, свичеви, телефон) и мебел. Заеднички вредности учестуваа со канцелариска опрема и мебел, додека МЦЕО донираше опрема (печатач и факс) и книжен фонд.

Следни активности во проектот МЕК се континуирано одржување на локални јавни настани со цел промоција на работата на Комисиите, како и дополнителни обуки за членовите на КОЗ кои имаат потреба од нив за искоритување на капацитетите на ИТ опремата.

Проектот МЕК е кофинансиран од Европската Унија и Фондацијата Метаморфозис, која го спроведува во партнерство со здружението Заеднички вредности. Проектот BEWMAN e финансиран од Европската Унија преку програмата ИПА и го спроведува мрежа на НВО основана од Метаморфозис во Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска.