Фондација Метаморфозис во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество ќе обезбеди техничка помош на МИОА за развој на новиот Закон за употреба на податоците од јавниот сектор, кој треба да се усогласи со соодветната Директива на ЕУ.

За таа цел Фондација Метаморфозис објавува повик за ангажирање на експерт кој ќе спроведе (1) функционална анализа на постојниот Закон за употреба на податоци, ќе спроведе (2) оценување на влијанието на регулативата врз новото законско решение, како и (3) ќе го изготви новиот Закон користејќи стручно знаење и консултација со засегнатите страни.

Заинтересираните кандидати треба да достават своја биографија и листа на линкови и/или прилози на релевантни дела за да ја докажат својата експертиза според побарувањата најдоцна до 08:30 часот, 6ти септември, 2021 година.

Превземете го документот

Сподели: