Врз основа на Одлуката за донација на интер-регионална он-лајн платформа за туризам донесенa од Управниот комитет на проектот “Општествено претпријатије – Проект за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП)” финансиран од Европската унија, а во согласност со договорот за Грант со референтен број IPA/2017/390-054, Фондација за интернет и општество Метаморфозис Скопје, во соработка со Центарот за развој на полошкиот плански регион и Советот на Округот Елбасан објавува јавен повик за донирање на интер-регионална он-лајн платформа за туризам (I-Top).

Условите и критериумите за учество на јавниот повик се подолу приложени во споените прилози.

Понудите се доставуваат на македонски јазик или албански јазик. Понудите треба да се достават електронски по е-мејл адреса до florent@metamorphosis.org.mk или по курирска служба или лично во запечатен плик во еден затворен плик со назнака “ЗА ПРОЕКТ СТЕП” на кој во долниот лев агол треба да стои ознаката „НЕ ОТВОРАЈ“ и со назнака „ЈАВЕН ПОВИК“ на кој се однесува понудата. Понудите се доставуваат во канцелариите на Фондацијата Метаморфозис на ул. Апостол Гусларот 40, Скопје.

Понудите треба да бидат оригинални и потпишани, а доколку се доставуваат по електронски пат, истите потпишани оригинали треба да бидат скенирани.

Краен рок за доставување на понудите е четврток, 07.08.2020 година до 16:00 часот.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди што нема да ги содржат потребните елементи или не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

 

 

Сподели: