Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија објавува повик за избор на Нај ООР наставник за основно образование и Нај ООР професор за средно образование за 2014 година. Номинирајте го Вашиот омилен наставник, професор или колега кој користи и создава отворени образовни ресурси во наставата!

Процесот на пријавување трае до 30 ноември 2014. Номинирањето на наставници и професори е онлајн, преку пополнување на следниот формулар.

Кој било може да предложи наставник или професор. Освен основните податоци, при номинирање на кандидатот потребно е да внесе линк до ресурсите на предложениот кандидат.

Откако ќе бидат доставени сите номинации до наведениот рок, истите во рок од 3 дена ќе бидат објавени на веб-сајтот www.oer.mk. Гласањето ќе биде онлајн, а ќе трае до 20 декември 2014.

Наставникот и професорот што ќе добијат најмногу гласови ќе бидат прогласени за Нај ООР наставник и Нај ООР професор, а нивните ресурси ќе бидат промовирани преку фејсбук-страницата на ООР во текот на јануари и ќе добијат и учество на едуконференција за наставници во јануари 2015 година во Охрид.

За сите прашања поврзани со повикот за избор на Нај ООР наставник и Нај ООР професор Ви стоиме на располагање на имејл: contact@oer.mk.

Сподели: