Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за прибирање понуди за ангажирање на експерт за отворени градови со цел адаптација и локализација на Тактичен водич за отворени градови.

Ги покануваме сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите наведени во повикот да аплицираат онлајн, на наведениот e-mail во самиот повик.

Начин на аплицирање: со испраќање на кратка биографија (CV), и пополнета, потпишана финансиска понуда, испратени до marijana@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 20.1.2022, 16:00 часот.

Формуларот за поднесување финансиска понуда и сите детали се достапни на следниот линк: TOR_Open City Tactical Guide.

Повикот е отворен од денес, 11.1.2022 до 20.1.2022, 16:00 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок нема да бидат земени предвид.

Фондацијата Метаморфозис го резервира правото да контактира само со избраните понуди. Со испраќање на вашата кратка биографија (CV) се согласувате вашите лични податоци да се обработуваат и зачуваат за потребите на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество, а со цел спроведување на активностите во рамки на проектот.

Сподели: