Заинтересираните практиканти може да бидат студенти на факултети од следните области:
- новинарство
- политички науки
- туризам
- етнологија
- географија
- филологија
- археологија
- историја
- технички науки
- сродни науки
Практикантите ќе добијат обука за уредување содржини објавени на вики-платформата wiki.mk, како и бесплатен примерок од прирачникот за објавување на вики-сајтови.
Напредните корисници ќе имаат можност да се вклучат во специјалната група администратори на веб-порталите на градовите.
.
Што ќе добиете?
- вештини за уредување содржини на веб
- промоција на вашата работа онлајн
- искуство во истражувачка работа и пишување
- можност за вклучување во други обуки и волонтерски активности
- можност за стекнување дополнителни вештини и искуства
- потврда за извршена пракса
.
Кој сè може да се приклучи?
Во оваа активност може да се вклучат и сите други заинтересирани кои сакаат да придонесуваат со пишување, уредување и објавување информации за историјата, знаменитостите, културата, уметноста, туризмот, значајните личности, дијалектите, местата, институцииите, настаните кои влијаат за локалниот развој и потребите за понатамошно развивање на градовите во кои живеат или од кои потекнуваат.
Засега се активни вики-портали за Скопје, Велес и Дебар, но доколку изразите интерес да пишувате за друг град, пишете ни и ние ќе отвориме.
Сите заинтересирани кандидати можат да испратат барање за приклучување во активноста на info[at]wiki.mk. Покрај вашето CV, потребно е да ни назначите кои се вашите пошироки и потесни интереси и за кој град би сакале да придонесувате.
Сподели: