Работилниците опфатија ученици од два класа од втора година, а беа вклучени и дел од професорскиот кадар во училиштето.

klas-1-DSCN7453

Целта на работилниците беше присутните да бидат запознаени со проблематиката од несоодветниот третман на електронскиот отпад, кои се проблемите кои директно го тангираат секој поединец, иницијативите кои се превземаат за надминување на проблемот, а опфатија и едукативна димензија од аспект дека со правилен третман се надминуваат штетните последици по човековото здравје и животната средина.

klas-2-DSCN7506

На работилниците се даде и кус осврт на нацрт-законот за електронска и електрична опрема кој се очекува да биде изгласан и да стапи на сила во 2013-та година. Исто така учесниците беа запознаени и со начините за справување односно третирање на овој проблем за кои можат и самите да сторат нешто, особено во делот со донирањето.

Училиштето изрази подготвеност во иднина да биде вклучено во иницијатива која би опфатила колективно собирање е-отпадот. Учениците покажаа посебен интерес кон trailer-от на Waste land 2010 кој им беше прикажан во рамки на работилниците.

Сподели: