Кон крајот на месец декември, со цел поголема промоција на веб-сајтот Безбедно на интернет, беше креирана група на Фејсбук кон која за дваесетина дена се приклучија 434 членови. 

Оваа група е наменета за сите оние кои би можеле да имаат корист од информации за безбедност на децата при користење на интернет, или пак би сакале да ги препорачаат ваквите содржини на своите Фејсбук пријатели. Групата е од отворен карактер, што значи дека е овозможено приклучување на нови членови кои понатаму и самите можат да допринесат кон поголема промоција на веб-сајтот.

Сподели: