Гостување на Маријана Јанческа во утринска емисија на ТВ Телма

Претставничка на Фондација Метаморфозис гостуваше во утринската емисија на ТВ Телма со цел да ги запознае гледачите одблизу со активностите што се спроведуваат во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Маријана Јанческа го најави третиот хакатон за отворени податоци што ќе се одржи во Скопје од 24 до 27 мај, зборуваше за последниот мониторинг на АП на Стратегијата на транспарентност и отпочнатите мерења на отвореноста на извршната власт, но и на локалните самоуправи.