Гостување на Мила Јосифовска Даниловска, менаџер на програми во Фондација Метаморфозис и Гоше Николов, новинар во Новинска агенција Мета.мк на Утринска на Телма

Во пресрет на дебатата за млади во организација на Фондација Метаморфозис на тема „Дигитализација во образованието“ што ќе се одржи на 16 март во „Јавна соба“, како дел од утринската програма на ТВ Телма гостуваа Мила Јосифовска Даниловска, менаџер на програмите Општествена одговорност и Човекови права онлајн во Фондација Метаморфозис и Гоше Николов, новинар во Новинска агенција Мета.мк.

Во емисијата беа претставени целите на дебатата, говорниците кои ќе имаат свои излагања, како и идните настани на Фондацијата.

За време на гостувањето гледачите имаа прилика да слушнат повеќе и за можностите што ги нуди дигитализацијата во образованието и до каде е стигната дигиталната трансформација во образовниот систем во нашата земја.

Гостувањето во целост може да го погледнете тука: