Брошура за заштита на личните податоци и приватноста на интернет

Брошурата „Ти одлучуваш..“ е наменета за младата популација, поточно тинејџерите, и содржи многу корисни информации за тоа како да се заштити приватноста и личните податоци додека се користи интернетот (имејл, месинџери и други канали за комуникација преку интернет) како и некои размислувања и факти околу користењето на камерите на јавни места.