Истражување: Критичкото мислење и медиумската писменост кај младите во Република Северна Македонија

Преку ова истражување, проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“ има цел да ја анализира состојбата во делот на афинитетите и ставовите што целната група (младите) ги има кон процесот на мислење и критичко мислење. Освен овој аспект, вниманието на истражувањето е исто така насочено кон навиките за информирање, користењето на медиумите и различните форми на информативни алатки кај младите во Република Северна Македонија.

Покрај наодите од теренското испитување, ќе биде претставена и моментната поставеност на домашните политики и регулативата, која е тесно поврзана со формалното образование на младите како еден од одлучувачките фактори што влијае на начинот на размислување. Освен тоа, постојните европски политики поврзани со медиумската писменост се исто така анализирани во рамките на ова истражување.

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк”, имплементиран од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Евротинк – Центар за европски стратегии, а финансиски поддржан од Европската Унија.