Истражување: Пандемија или инфодемија? Критичкото мислење и теориите на заговор во време на пандемија

Истражувањето дава придонес кон корпусот знаење што го имаме како општество за феноменот на дезинформациите и лажните вести и за тоа како нашите вештини за критичко мислење можат да придонесат за зголемена отпорност на нашето општество кон пропагандите од секаков вид. Истражувањето покажува дека теориите на заговор и алтернативните наративи околу пандемијата се широко распространети како последица на структурни фактори. Затоа потребно е критичко просмислување на традиционалните алатки за борба против алтернативните наративи.

Исто така, потребно е отворање општествен дијалог, во кој сите страни ќе имаат шанса да преиспитаат дел од своите вредности, перцепции и размисли. Културата на критичко мислење се гради во конструктивна атмосфера, во која преиспитувањето на сопствените ставови е подигнато на ниво на општествена вредност. Само таа култура може да придонесе за деполаризација на општеството.

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк”, имплементиран од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Евротинк – Центар за европски стратегии, а финансиски поддржан од Европската Унија.