Прирачник за дигитална безбедност за наставници и професори во основно и средно училиште

Прирачникот за дигитална безбедност е наменет за едуцирање на наставен кадар и содржи теми како што се: што е дигитална и физичка безбедност, закана за приватност, што е социјален инженеринг и злонамерен софтвер, што е дигитален отпечаток и видови на дигитални отпечатоци и многу други теми кои се врзани со сајбер безбедност.

Прирачник за дигитална безбедност за наставници и професори во основно и средно училиште е изработен со поддршка на Фондација Метаморфозис и Techsoup Europe.