Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, направи проценка на состојбата на доброто владеење во 17 единици на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година. Проценката е резултат на спроведено истражување засновано врз Индексот на отвореност.

Извештајот дава анализа на работата на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија во однос на принципите на транспарентност, пристапност, ефикасност и интегритет со еден заеднички домен присутен во сите четири принципи- отворени податоци. Врз основа на направената проценка дадени се препораки за подобрување на работењето на општините во областите кои се опфатени со истражувањето.

Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година преку Индексот на отвореност можете да го погледнете на овој линк.