Втора оценка на усогласеноста на постоечките и планираните дигитални услуги и алатки со Законот за заштита на личните податоци – август 2022

Оваа публикација содржи оценки за степенот на усогласеност на електронските јавни услуги со Законот за заштита на лични податоци. Оценувањето се спроведе во периодот јули-август 2022 според Методологија за проценка на усогласеноста на дигиталните јавни услуги со Законот за заштита на личните податоци.

Оваа оценка претставува надоврзување на Оценката на усогласеноста на постоечките и планираните дигитални услуги и алатки со Законот за заштита на личните податоци од март 2022.

Деталите околу добиените оценки на секоја услуга можат да се најдат овде: АНЕКС 1 – Преглед на усогласеноста на постоечките дигитални услуги и алатки со Законот за заштита на лични податоци во август 2022 година.