Што можете да направите со е-отпадот?

Еве што може да направите за да придонесете за намалување на е-отпадот:

  • Купувајте помалку. Не го заменувајте вашиот стар уред, кој сè уште ја врши својата функција само затоа што излегол нов модел. Ако веќе се решите да купите, купете производ означен како еколошки.
  • Донирајте. Старите уреди кои веќе не ги користите, може да ги донирате. Постојат многу луѓе кои со задоволство ќе ги прифатат и ќе продолжат да ги користат. Доколку имате опрема за донирање може да ја огласите на нашата страница, во делот Ре-употреби
  • Вратете ги на производителот или рециклирајте. Многу производители нудат опција да го вратите вашиот стар уред, со цел тие понатаму соодветно да го рециклираат. Исто така постојат компании во Македонија кои вршат преземање на е-отпад и потоа ги рециклираат, но за тоа да се случи потребно е да имате поголемо количество. Доколку имате е-отпад од кој сакате да се ослободите, пишете ни за повеќе информации.

bewman_crowdmapЗа да видите дел од компаниите кои работат во полето на собирање и третирање на е-отпад на територијата на Македонија, може да ја посетите нашата мапа на засегнати страни од оваа област.

Доколку знаете други компании кои се занимаваат со откуп, складирање и третирање на е-отпад или пак наидете на нелегално фрлање на е-отпад, би ве замолиле да го означите тоа на нашата мапа.

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Што

можете

да

направите

со

е-отпадот?