Епл ја претстави новата генерација на десктоп компјутери, ИМек Г5 (iMac G5) на Епл експо 2004 во Париз…
Епл ја претстави новата генерација на десктоп компјутери, ИМек Г5 (iMac G5) на Епл експо 2004 во Париз.
Тоа е првиот иМек (iMac) кој е зајакнат со супер брзите Г5 (G5) процесори, употребени во неговиот Пауер Макс (Power Max), и се смета за најтенок десктоп компјутер во светот.
Првиот иМек на Епл (Apple) беше претставен во 1998 година и многу брзо стана популарен поради неговиот едноставен дизајн и поради тоа што беше лесен за употреба.
Се очекуваат повеќе од 70 000 посетители на ЕКСПО 2004, главното место на кое Епл секоја година ги изложува своите производи во Европа.
„Како што иПод (iPod) ги редефинира портабл дигиталните музички плеери, така иМак Г5 го редефинира она што корисниците го очекуваат од еден десктоп компјутер“, рече во својот воведен говор Филип Шилер (Philip Schiller), потпретседателот за Ворлдвајд Продакт Маркетинг (Worldwide Product Marketing) на Епл.
Со целиот систем, вклучувајќи го и прекрасниот 17 или 20 инчен монитор, кој е само 2 инчи тенок, многумина ќе се прашуваат „каде е компјутерот?“
Новиот двоинчен член на семејството Епл е мал, бел и има G5 чип од 1.8GHz како и 17 или 20 инчен екран. Може да се користат безжична тастатура и глувче, а целиот компјутер, вклучувајќи го напојувањето со енергија и слот-лоад оптички уред се вградени во мониторот кој стои на една алуминиумска „нога“.
ИМак Г5 се очекува дека ќе биде достапен насекаде од средината на септември по цена од минимум 1.299 американски долари.