Новите производи на „Ериксон“ на малите и средни претпријатија им нудат евтин разговор преку телефон
Телефонските централи наменети за мали и средни претпријатија користат интернет-протокол технологија, која овозможува пренос на говор, податоци и на видеозаписи и нудат ефикасна, брза и најсовремена услуга за потенцијалните корисници. Ова се одликите на новата генерација телефонски централи на компанијата „Ериксон“, кои вчера во Скопје ги претстави регионалното претставништво, со дистрибутерите „Макпетрол – ТЕАС“ и „Пикон“.
Менаџерот на регионалното претставништво на „Ериксон“, Мариус Солеа, истакна дека нивната мисија во земјава е насочена кон освојување поголем процент од пазарот, кој сега изнесува 15 отсто. Интересот на „Ериксон“ е фокусиран кон влез во македонските државни институции, особено во министерството за одбрана, за внатрешни работи и во Јавното претпријатие „Аеродром“ во Скопје.
Според генералниот менаџер на „Пикон“, Харалампи Коцев, новите производи на „Ериксон“ на малите и средни претпријатија им нудат евтин разговор преку телефон.
Во минатата година „Ериксон“ во Македонија реализирал договори во вредност од 25 милиони евра, јави МИА.