Интернет пребарувачот Еск воведе новина за која се надева дека ќе наиде на добар прием кај корисниците загрижени за својата приватност на интернет.

ЕскИрејзер им овозможува на корисниците веднаш да ги избришат податоците за пребарување внесени во серверите на Еск, за разлика од конкурентите како Гугл кои ги чуваат податоците 18 месеци.
Начинот на кој се користат личните податоци се повеќе станува проблем со оглед на фактот дека луѓето работат се поактивно со пребарувачите на интернет.
Некои луѓе се загрижени од можноста за постоење на тајни договори помеѓу интернет пребарувачите и рекламните компании.
Организациите за застапување на потрошувачите во САД изразија сомневање околу предложеното интегрирање на Гугл со рекламната компанија ДаблКлик, кое во моментот е предмет на разгледување од страна на регулатори од САД.

Преминувајќи во своевиден предводник во однос на заштитата на приватноста на интернет, Еск им нуди на корисниците можност да ги контролираат податоците од нивната историја на пребарување.
На почетната страница на Еск ќе биде поставен лесно воочлив линк (ЕскИрејзер) преку кој, на барање на корисникот ќе може да се бришат сите податоци внесени во иднина при пребарување и слични информации (колачиња) од серверите на Еск.При овој процес ќе се бришат следните информации: интернет протокол адресата, корисничката идентификација и сесија, како и целосниот текст внесен при пребарувањето.

„Корисниците кои се грижат за својата приватност на интернет ќе можат да ги контролираат информациите од пребарувањето со помош на ЕскИрејзер“ изјави Џим Лензоун, извршен директор на Еск.ком, кој се надева дека алатката ќе привлече повеќе корисници.

Извор: Бибиси