Европскиот комесар за конкурентност, Марио Монти, изјави дека ЕУ заштитниците на конкуренцијата, деновиве не успеаа да постигнат анти-монополски договор со Мајкрософт…
Европскиот комесар за конкурентност, Марио Монти, изјави дека ЕУ заштитниците на конкуренцијата, деновиве не успеаа да постигнат анти-монополски договор со Мајкрософт, и во наредните денови ќе објават санкции против американскиот софтверски гигант.
„Спогодба, во случајот со Мајкрософт, не беше возможна“, изјави Монти за новинарите, додавајќи дека конечната пресуда од петгодишната истрага на Европската Комисија ќе ја соопшти следната среда.
Тој исто така рече: „Предлог за соодветна казна, исто така, ќе биде предмет на расправа на Комисијата, следната среда.



