Регионот Лацио (Италија) го промовираше второто издание на Наградата за најдобра активност или иницијатива во областа на интероперабилност (Наградата iG 2.0).

Краен рок за поднесување на предлозите е 16 септември, 2008 г.
Конкурсот за наградата iG 2.0 се организира во рамките на Европскиот самит за интероперабилност во и-Влада (ESIIG) чијашто цел е споделување на тековните пракси во областа на интероперабилност во јавната е-власт на локално, регионално, национално и Европско ниво.

Наградата е отворена за широк спектар на учесници; од државни власти на локално, регионално, национално и европско ниво до заинтересирани страни од приватниот сектор со експертиза во областа на ИКТ и информатичко општество.
Поднесените проекти ќе ги оценува Техничкиот и научен комитет ESIIG 2 според следните критериуми:

Инвентивност: Случајот мора да го земе предвид тековното најнапредно решение во областа на интероперабилност во е-власта, да покрене одредени прашања и да предложи иновациски решенија.
Практични резултати: Доколку активноста ја поминала фазата на конципирање и планирањето резултирало со конкретно практично искуство.
Влијание: Доколку активноста била извршена на средно или високо ниво. Треба да се презентираат докази за влијанието. Важно е авторот да се осврне на долгорочното имплементирање на активноста.
Преносливост: Авторот треба да наведе детален опис на аспектите кои може да се применат во други географски, културни, административни области, како и елементите што може да ја олеснат или попречат нивната примена во тие области.

Списокот со финалисти ќе биде објавен на 1 октомври 2008 г., на веб-сајтот на ESIIG, и наградата ќе биде доделена за време на вториот европски самит за интероперабилност во и-Власта (ESIIG 2) што ќе се одржи во Рим од 20 до 22 октомври, 2008 г.

Извор: epractice.eu "EU: iG 2.0 Award – Call for submissions" 1 август, 2008.