Одделот за е-влада на Европската Комисија, Генералниот директорат за информатичко општество, го прогласи КОСПА (COSPA) за проект на месецот за април 2005

Одделот за е-влада на Европската Комисија, Генералниот директорат за информатичко општество и медиуми, го прогласи КОСПА (конзорциум за проучување, оценување и поддршка за воведување на софтвер со отворен код и стандарди за отворени податоци во јавната администрација) за проект на месецот за април 2005.

КОСПА е ФП6 проект на ЕУ за истражување кој има за цел да ги оцени потенцијалните придобивки за европските јавни администрации кои планираат да ги воведат и да ги оценат отворените стандарди и софтверот со отворен код во компјутерските програми за лична продуктивност во контекст на европската јавна администрација.

КОСПА нуди сеопфатен модел на барања и услови што треба да се исполнат за успешна миграција од софтвер за кој треба да се плати на софтвер со отворен код и обезбедува помош (во форма на целосна документација, специфични препораки и алатки) за полесно мигрирање и врши квантитативно и квалитативно оценување на ефектите од миграцијата од таков вид.

Со цел да ја исполни својата цел, конзорциумот е составен од три типа на партнери, и тоа:
1. Академски (универзитети и институции што се занимаваат со истражување) задолжени за истражување,
2. Јавни администрации, кои ги обезбедуваат бизнис потребите и околината за миграција,
3. Технички (односно приватни компании) кои се вклучени во бизнисот со софтвер со отворен код и кои обезбедуваат техничка помош за надминување на проблемите во текот на миграцијата и ги идентификуваат пристапите за продолжување на нивната употреба.

Преку обединување на неколку различни полиња на истражување и додавање на ова истражување кон вистинските податоци добиени од анкети и автоматизирани алатки Генералниот директорат за информатичко општество и медиуми тврди дека КОСПА е главниот проект кој се занимава со истражување на миграцијата на јавната администрација кон отворениот софтвер во Европа и ќе даде значителен придонес за миграцијата кон технологиите што работат на софтвер со отверен код во светски рамки и тоа не само за јавните администрации туку и за секоја друга организација.