Граѓаните на ЕУ заштедуваат 7 милиони часови годишно од времето што е потребно за средување на своите даночни обврски, а фирмите во ЕУ заштедуваат по 10 евра на секоја трансакција на ДДВ што ја прават онлајн

        Новото истражување на еВладините услуги подготвено за потребите на Европската комисија покажа дека граѓаните на ЕУ заштедуваат 7 милиони часови годишно од времето што е потребно за средување на своите даночни обврски, а фирмите во ЕУ заштедуваат по 10 евра на секоја трансакција на ДДВ што ја прават онлајн.

        Ако еВладините услуги се подостапни и пораширени во сите земји-членки, граѓаните би заштедиле повеќе од 100 милиони часови, а фирмите околу 500 милиони евра годишно.

        Во просек, граѓаните и фирмите заштедуваат повеќе од еден час на секоја трансакција. 77% од испитаниците изјавиле дека ќе ги препорачаат онлајн услугите што ги користеле на други луѓе.

        Со истражувањето за влијанието на еВлада во 2004 година биле опфатени 48.228 испитаници од кои 19.896 граѓани и 28.332 фирми.

        Истражувањето можете да го погледнете овде.