Единаесет земји-членки на Европската унија несоодветно ги имплементирале европските регулативи за електронски комуникации, вклучувајќи ги и телекомуникациите
Европската комисија им испратила писма на единаесет земји-членки на Европската унија со кои ги известила дека несоодветно ги имплементирале европските регулативи за електронски комуникации, вклучувајќи ги и телекомуникациите. Следните земји-членки на ЕУ го прекршиле договорот: Чешка, Франција, Грција, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка,, Словенија и Финска. Клучните спорни прашања вклучуваат независност на националниот регулатор за телекомуникации, потребна преносливост на претплатнички број, сеопфатен кориснички именик, назначување провајдери на „универзални услуги“ и достапност на европскиот број за итни случаи, 112.