Европската комисија одлучи да расформира група од експерти кои требаше да ја испитаат Европската директива за заштита на податоците.
Групата беше формирана по спроведената тендерска постапка и за нејзини членови беа избрани: Питер Флајшер, советник за глобална приватност на Гугл, директорот за сигурносна политика и офицер на Интел за глобална приватност; Хенриет Тилеманс, застапник на приватноста од американска адвокатска компанија, Кристофер Кунер, застапник на приватноста во друга американска адвокатска фирма и Џејкоб Констам, претседател на Холандската агенција за заштита на податоци.

Алекс Турк, претседателот на Француската агенција за заштита на податоците и претседавач на Работната група за член 29, се пожали на пристрасната структура на групата објаснувајќи му на комитетот од Францускиот сенат дека групата била составена од пет членови од кои четири ги претставувале американските интереси.“ Комитетот поднесе резолуција во која беше наведено дека било „неприфатливо четири членови на групата да бидат од американски компании или адвокатски фирми со седиште во САД.“

Групата имаше само еден состанок на крајот на минатата година и иако нејзиниот мандат трае една година, комесарот Баро, кој е исто така Французин, одлучи да ја расформира групата и да ги прошири консултациите околу Директивата за заштита на податоци од 1995.

Всушност, Турк побара од Баро да ја разгледа состојбата, а Баро потврди дека „ситуацијата не била нормална“. Турк објасни дека дел од проблемот е во тоа што има големи концептуални разлики помеѓу начелата за заштита на податоци на Европската унија, од една страна, и оние на САД, од друга страна; “Европјаните мора да знаат дека има голема разлика помеѓу американската и европската визија.“

Draft Resolution regarding the nomination by the European Commission of an expert group on data protection. (6.02.2009)
http://www.senat.fr/leg/ppr08-203.html

European Commission Disbands Privacy Group (17.02.2009)
http://www.clickz.com/3632816

 

Извор: ЕДРИ-грам “European Commission disbanded data protection experts group” бр. 7.4, 25 февруари 2009.