Компјутерите за електронско гласање кои беа користени за добивање на 90% од гласовите во Холандија беа пробиени од холандска група наречена „ Wij vertrouwen stemcomputers niet “ (Ние не им веруваме на компјутерите за гласање).

На јавна презентација којашто се прикажуваше во живо на холандскиот канал Холандија 1 на 4 октомври 2006, групата докажа како програмата којашто контролира таква гласачка машина, Nedap/Groenendaal ES3B, може да биде заменета преку промена на два мемориски чипа (EPROM) на матичната плоча. Целата презентација траеше помалку од пет минути.

По презентацијата беше објавен јавен извештај на 6 октомври во којшто беше објаснето како работи програмата, како е креиран софтверот и како групата може да има целосна контрола врз резултатите од изборите. Скоро е невозможно набљудувачите на изборите или гласачите да забележат некаква промена. Исто така, групата открила дека радио-брановите емитувани од немодифициран чип ES3B можат да се примаат на неколку метри оддалеченост и со нивна помош може да се знае како гласал избирачот.

Извештајот доаѓа во незгодно време на само месец и половина до парламентарните избори во Холандија каде што компјутерите за гласање требаше да бидат употребени. Истото компјутерско гласање е користено и во делови од Германија и Франција со мали модификации.

Сега употребата на овие компјутери во Ирска е запрена откако се појавија пропустите. Кол Мекартај од Ирските граѓани за доверливо е-гласање по гледањето на пробиените компјутери за електронско гласање во холандија изјави: – На нападот презентиран од холандската група не му требаат големи промени за да се примени и на ирскиот систем.

Морис Веслинг од Wij vertrouwen stemcomputers niet истакна: – За загрозување на системот потребно е само замена на еден негов дел со големина колку поштенска марка и е невозможно да се открие само со гледање на компјутерот.

По реакцијата од Ирска, и германската НВО Компјутерски хаос клуб побара да се забранат овие компјутери за гласање со оглед на тоа дека не ги исполнуваат основните стандарди на германските закони.

Холандскиот извештај покажа слични пропусти со пропустите кај компјутерите за електронско гласање со екран осетлив на допир на Диболд гласачки системи (Diebold Election Systems Inc.) кои ги откри Едвард Фелтен, директор на Центарот за информатичка технологија на универзитетот Принстон. Пропустите беа презентирани во јавен извештај објавен во септември оваа година под наслов Анализа за безбедност на гласачките системи со екран осетлив на допир на Диболд (Security Analysis of the Diebold AccuVote-TS Voting Machine).

Фондација „Ние не им веруваме на компјутерите за гласање“

Aнализа за безбедност на компјутерите за електронско гласање на Nedap/Groenendaal ES3B (6.10.2006)

Холандско здружение на граѓани го проби холандските компјутери за електронско гласање (7.10.2006)

Компјутерите за електронско гласање успешно пробиени (5.10.2006)

Холандско здружение на граѓани го проби холандските компјутери за електронско гласање (6.10.2006)

Компјутерски хаос клуб бара забрана за компјутерите за гласање во Германија

Анализа за безбедност на гласачките системи со екран осетлив на допир на Диболд (13.09.2006)

Видео-материјал којшто го прикажува незгодниот напад (10.09.2006)