Повеќе од милион луѓе се обврзаа да го симнат Фајрфокс 3.0
Верзијата број 3 на популарниот интернет прелистувач Фајрфокс ќе биде промовирана на 17 јуни. Добриот прием на новата верзија ќе го зголеми пазарниот удел на прелистувачот кој во моментот го користат околу 15 отсто од интернет корисниците.
Со оваа нова верзија, програмерите на Фајрфокс од Мозила се обидуваат да постават рекорд за најголем број на симнувања во период од 24 часа.
„Тоа е глобална заложба за испишување на историјата,“ изјави Пол Ким, шеф на маркетинг во Мозила.
Досега Мозила не изјави кога точно на 17 јуни ќе се стартува со обидот за рушење на рекордот. „Всушност, не постои запис за најголемата количина на софтвер која била симната за еден ден, така што одбројувањето ќе трае 24 часа,“ рече Ким. Ким изјави дека Мозила нема некоја одредена цел за бројот на симнувања кои би сакале да ги достигнат на тој ден, но би било одлично доколку се соберат 5 милиони.
Колку за споредба, Фајрфокс 2.0 забележа 1.6 милиони симнувања на денот кога беше промовиран – 26 октомври, 2006 г. Повеќе од 1.3 милиони луѓе ветија дека ќе ја симнат новата верзија на 17 јуни.
Статистика за употребата на интернет прелистувачи:
- Интернет експлорер – 83.27%
- Мозила Фајрфокс – 13.76%
- Епл сафари – 2.18%
- Опера – 0.55%
- Нетскејп – 0.14%
Извор: OneStat
Извор: Бибиси „ Firefox aims for download record“ 17 јуни, 2008.



