AEDH (Европската асоцијација за одбрана на човековите права) и ЕДРИ (Европски дигитални права) со задоволство соопштија дека добитник на првото издание на Наградата на граѓанското општество за заштита на податоците во Европа (ECSDPA) е PER.SONN.ES / FAKEFRIENDS.МЕ.

Per.sonn.es / Fakefriends.me стартуваше во јули 2009, како уметнички проект изработен од Филип Ривјер, француски вебмастер и новинар, со цел создавање на првата лажна социјална мрежа на интернет.

„Како уметнички проект, Per.sonn.es/Fakefriends.me не нуди конкретен информативен дел, и нема друга намена освен да го наведе просечниот корисник на интернет пребарувачот да искуси мала непријатност во врска со премногу застапената практика на повремено шпионирање на некој или кој било. Може да се претпостави што се случува во умот на корисниците на пребарувачот кои ненадејно ќе се соочат со лажни информации кои се совпаѓаат со нивното пребарување“, вели Филип Ривјер.

Жирито на ECSDPA 2010 го награди Per.sonn.es / Fakefriends.me како оригинална и позитивна иницијатива којашто придонесува за видливоста и ефикасноста на правото на приватност, преку подигање на свеста и помагање во изградбата на свесно критичко размислување.

Добитникот на наградата ECSDPA ќе добие еднонеделна обука за лобирање во Брисел, со целосно покриени патни трошоци и сместување. Иницијативата ECSDPA, прва од ваков вид, е овозможена благодарение на поддршката од Истражувачката група за право, наука, технологија и општество при Универзитетот Врије во Брисел и фламанско-холандскиот Дом Дебурен.

AEDH, EDRi, LSTS/VUB и deBuren му честитаат на победникот Филип Ривјер и им се заблагодаруваат на членовите на жирито за 2010 г.: Пјер Барж (AEDH), Емили Баро (BEUC), Алексејс Димитров (AEDH), Серж Гутвирт (LSTS / VUB), Пол де Херт (LSTS/VUB), Андреас Криш (ЕДРИ), Мерјем Марзуки (EDRI), Ив Пуле (CRID) и Даниел Ретуро (EESC).

Награда на граѓанското општество за заштита на податоците во Европа
http://www.ecsdpa.org

Извор: ЕДРИ-грам “Winner European Civil Society Data Protection Award 2010: FakeFriends.me” бр. 8.3, 10 февруари, 2010.