На 8 април 2009 година македонскиот портал IT.com.mk извести дека управата на Фејсбук донела решение да го укине личниот профил на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР) поради нарушување на правилата за користење на сервисот.

Наводно, меѓу причините за укинувањето било тоа што профилите како форма за комуникација се наменети само за лична и некомерцијална употреба од страна на физички лица, тоа што на профилот биле поставени вознемирувачки фотографии како со посмртни останки на жртви на криминал, како и можноста за загрозување на приватноста на индивидуалните корисници на Фејсбук.

Утрински весник кој во написот од 4 април 2009 г. пренесе изјави од новинари кои искажале загриженост за приватноста откако како корисници на Фејсбук, во голем број биле поканети да станат „пријатели“ со МВР . Овој весник, исто така на 8 април ја пренесе изјавата на Дамјан Арсовски, уредникот на IT.com.mk :

„Идејата за да стапам во контакт беше затоа што во медиумите прочитав дека било в ред според нашите закони МВР да има профил, а никој не спомна ништо за тоа дали е в ред ’Фејсбук‘ да биде користен од страна на МВР и дали некој ги почитува правилата…“

Поставувањето на личен профил на МВР на Фејсбук, а особено неговото укинување, предизвика значително внимание кај дел од македонската јавност.