Филип Стојановски

filipФилип Стојановски: програмски координатор во Фондацијата Метаморфозис. Има дипломирано информатика на Универзитетот Грејсленд од САД и магистрирано е-бизнис менаџмент на Универзитетот Париз 1 – Пантеон Сорбона од Франција.

Од 1995 година е активен во македонското граѓанско општество преку волонтерски проекти за заштита на потрошувачите и за е-издаваштво, како и преку професионални ангажмани во својство на експерт за ИТ. Пишува на теми поврзани со информатичко општество за медиумите во Македонија.

Во рамките на Фондацијата Метаморфозис неговите задолженија опфаќаат координирање проекти, истражувања и анализи, како и односи со јавноста. Во 2005 година беше член на Работната група одговорна за Националната стратегија за развој на информатичко општество на РМ.

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Филип

Стојановски