Целта е мобилните телефони да станат достапни за сите

Филипс Електроникс (Philips Electronics) објави дека работат на развој на евтини мобилни телефони за да ги доближат придобивките на технологијата до околу 3,3, милиони луѓе кои живеат во земјите во развој како дел од иницијативата мобилните телефони да станат што е можно подостапни. 

До крајот на оваа година во Филипс се надеваат дека ќе развијат систем наречен Nexperia Cellular System Solution 5130 којшто ќе чини околу 5 долари, и ќе ја содржи сета електроника потребна за еден мобилен телефон. Телефонот со овој систем покрај можноста за телефонски повици, ќе има и можност за испраќање на кратки текстуални пораки (СМС). Ќе има еднобоен екран и можност за полифонични мелодии.

Во соопштението издадено од Филипс се вели дека системот треба да ја намали цената на мобилни телефони бидат базирани на ГСМ (глобален систем за телекомуникации) под 20 долари. Само за споредба, најевтиниот мобилен телефон денес чини 40 долари.

Иницијативата ќе се спроведува во филијалата на Филипс во Шангај, Кина.

Најавата на Филипс дојде по поканата за тендер на ГСМ здружението (GSM Association) до производителите за проект за изработка на евтини мобилни телефони за земјите во развој.