Донесувајќи одлука за поништување на тендерот објавен на 28 септември 2010 од страна на три државни институции за набавка на софтверски пакет за буџетски, сметководствен и финансиски менаџмент, Управниот суд на градот Лил на 29 декември, 2010г., го поддржа издавачот на софтвер со отворен код кој ја оспори тендерската постапка.
Тендерот беше прогласен за незаконски затоа што со грубите технички спецификации се наметнуваше складирање на податоци со софтверски пакет во база на податоци Oracle и обезбедување на Business Objects Universe за генерирање на извештаите со финансиски податоци.
Всушност, од тендерот беа експлицитно исклучени сите бесплатни решенија и за финансиски менаџмент и за дополнителните потреби на деловната интелигенција.
Тиери Бретнахер, консултантот на компанијата што го изведе овој случај пред суд, изјави дека „со наметнувањето на употребата на неслободни решенија за складирање на податоци и генерирање извештаи, а без да дозволи алтернативни решенија, тендерот за јавна набавка на државните институции неосновано ги дискриминира бесплатните сметководствени решенија, како она што беше задоволително имплементирано во водоводното претпријатие Артоа-Пикарди во изминатите 4 години и ја лиши компанијата од фер пристап до овој тендер“. Тендерот на трите државни институции беше изготвен во контекст на групната набавка на неслободен софтвер од страна на француската администрација, поттикната од Францускиот генерален преглед на јавни политики (RGPP).
Според извршниот директор Жан-Пол Сметс, при групната набавка на софтвер за менаџмент, освен трошоците за адаптација и распространување мора да се земат предвид и трошоците за поддршка и одржување на софтверските пакети за период од десет години. Кога ќе се земе предвид целосниот животен циклус на апликацијата за управување, јасно е дека само заедничките апликации објавени под слободни лиценци овозможуваат вистински заштеди на државните пари и гарантираат бесплатна конкуренција со придобивки од аспект на поддршка и одржување на апликациите. Ако не се внимава, со групното купување на неслободен софтвер се создава можност за монопол од страна на некои издавачи на софтвер“.



