Француската министерка за внатрешни работи, Мишел Алио-Мари, најави нови мерки за борба против компјутерскиот криминал.

Во овие мерки спаѓаат проширувањето на црната листа на веб-сајтови и испитувањето на компјутерите преку интернет, без дозвола од државата на компанијата за хостинг.
Министерката ја посети бригадата за компјутерски криминал со седиште во Нантер и најави нов „план со најдобри пракси“ заедно со операторите со цел да се блокираат одредени веб-сајтови. Според изјавите, норвешкиот модел беше земен предвид, т.е. беше подготвен список со веб-сајтови не само со детска порнографија туку и со информации за правење на експлозиви или хемиско оружје, терористичка пропаганда и говор на расна омраза.

Начинот на кој властите ќе работат со интернет провајдерите се уште не е дефиниран, бидејќи провајдерите не сакаат да ги направат веб-сајтовите непристапни за корисниците. Министерката спомнува „конструктивен дијалог“, но од интернет провајдерот ќе биде побарано автоматски да го блокира пристапот до одреден веб-сајт кога ќе добие известување од полицијата.

Француските власти признаваат дека тоа нема да биде лесна задача, бидејќи повеќето од проблематичните веб-сајтови се хостираат надвор од француските граници. Така, од минатогодишните жалби само 308 се однесуваа на веб-сајтови хостирани во Франција, додека 1552 на сајтови хостирани во странство.

Министерката се обиде да објасни дека новите мерки не се методи за надзор од типот на Биг брадр, туку дека се работи за мерки за „заштита на корисниците на интернет“.

Министерката планира и друга мерка – Европска платформа за размена на информации во рамките на Еуропол во врска со компјутерскиот криминал,. Таа планира да го искористи француското претседателство со Европската унија од јули до декември 2008 за да го предложи создавањето на меѓународна соработка со цел да се дозволат „испитувања на компјутерски системи од далечина преку интернет, без претходно овластување од државата во која се хостира серверот.“

Некои од другите идеи се и искористување на гео-локализацијата во случај изведен пред правдата и идентификувањето на корисници преку методите на плаќање за нелегални услуги.

Сите овие нови идеи ќе бидат вклучени во еден нацрт-закон со кој ќе се измени законот за безбедноста на интернет, кој министерот ќе го презентира оваа пролет.

Борба против компјутерскиот криминал: Мишел Алио-Мари го презентира нејзиниот план (на француски јазик)

Борба против криминалот на интернет (фр.)

Полицијата набави алатки за следење на нелегални веб-сајтови (фр.)

ЕДРИ-грам: Француското МВР има нова платформа за пресретнување

 

Извор: ЕДРИ-грам – „Француската полиција ја проширува црната листа на веб-сајтови“ бр. 6.4, 2008