Статистиките на Германската полиција покажуваат дека задржувањето на телекомуникациски податоци е непотребно.
Статистиката за криминалот на државно ниво што неодамна ја објави Германската сојузна агенција за борба против криминалот[1] открива дека откако политиката на сеопшто задржување на телекомуникациски податоци се укина во Германија поради пресудата на Уставниот суд на 3 март 2010 година, стапката на криминал продолжи да опаѓа (2007: 6.284.661; 2008: 6.114.128; 2009: 6.054.330; 2010: 5.933.278), а стапката на расчистени случаи беше највисоката досега забележана (56,0%)[2] Недискриминирачкото и сеопшто задржување телекомуникациски податоци немаше статистички релевантен ефект врз криминалот и трендот на расчистување случаи. Овие наоди ја потврдуваат позицијата на повеќе од 100 организации низ Европа[3] против политиката на ЕУ за масовно задржување на телекомуникациските податоци, нарекувајќи ја непотребна и несразмерна.
Статистиката го побива митот што го ширеа одредени политичари и претставници на полицијата дека интернетот е „беззаконски простор“ доколку нема масовно задржување на телекомуникациски податоци на лицата кои не се осомничени. Дури и без таква политика на општо задржување податоци, германската полиција оствари стапка на расчистени случаи (три од четири прекршоци на интернет (71%)) во 2010 година, надминувајќи ја значително просечната стапка на расчистување на делата извршени без употреба на интернет (55 %).
Во поглед на другите европски земји, Научните служби на германскиот парламент неодамна ги анализираа „реалните ефекти од задржувањето податоци врз стапката на расчистени случаи во земјите-членки на ЕУ“ и дојдоа до следниот заклучок:[4] „Во повеќето земји-членки стапките на расчистени случаи не се променија значително во периодот меѓу 2005 и 2010г. Само во Латвија стапката на расчистени случаи се покачи значително во 2007г. Сепак, ова е поврзано со новиот Закон за кривична постапка и немаме информација дека е поврзано со транспонирањето на Директивата на ЕУ за задржување податоци“.
„Бидејќи врз трендовите на расчистување на случаите воопшто не влијаело задржувањето телекомуникациски податоци на неосомничени лица, нема оправдување за политиката на ЕУ во стилот на „големиот брат“ – прибирање телекомуникациски податоци за сите 500 милиони граѓани на ЕУ“, објаснува Флоријан Алтер, член на Германската работна група за задржување податоци“. „Деведесет и осум проценти од граѓаните никогаш не биле осомничени за какви било кривични дела. Мора да надвладее правото на заштита на нивните лични податоци од неоправдани сомневања, злоупотреби и загуби на податоци поради задржување на податоците. ЕУ мора да ја почитува својата Повелба за фундаменталните права и веднаш да се откаже од својот неуспешен експеримент за сеопшто задржување на податоци“.
„Во светло на оваа нова статистика за криминалните стапки, за неодговорната кампања во вид на континуирано заплашување од страна на некои политичари по поништувањето на германскиот закон за задржување на податоци нема реално оправдување“, вели Мајкл Ебелинг од Германската работна група за задржување податоци. „Вистината е дека со истрагите за осомничените живееме исто толку безбедно како што би живееле со политика на недискриминирачко задржување на сите податоци од комуникациите. Бескрајното претерување и описите со емоционален набој на поединечни случаи во комбинација со масовна медиумска кампања е погрешно и неетичко. Според мене, ова не е ништо помалку од една популистичка одбрана на најинвазивната и најнепопуларна мерка за надзор што некогаш била усвоена од ЕУ“.
Контекст:
Во писмото испратено до Европската комисија во 2010 година, повеќе од 100 организации од 23 европски земји ја нарекоа „неприфатлива“ политиката за сеопшто задржување на податоци усвоена од ЕУ во 2006г и апелираа за нејзино поништување, со тоа што истата би била заменета со политика за задржување на податоци единствено на сторителите на кривични дела. Меѓу критичарите се здруженијата за граѓански слободи, здруженијата за заштита на податоците и човековите права како и операторите на кризни линии и итни повици, професионалните здруженија на новинари, правниците и лекарите, синдикатите, организациите на потрошувачите и здруженијата од индустријата[5].
Сеопштото и недискриминирачко задржување телекомуникациски податоци е критикувано поради попречувањето на доверливи комуникации во области кои легитимно треба да не бидат следени (на пр. контакти со психотерапевти, лекари, адвокати, работнички совети, брачни советници, советници за злоупотреба на дрога, телефонски линии за помош), со што се загрозува физичкото и менталното здравје на луѓето на кои им треба помош, како и на оние околу нив. Фактот што новинарите не можат да добијат информации по електронски пат преку канали што не можат да се следат ја загрозува слободата на печатот, а тоа им штети на предусловите за отворено и демократско општество. Задржаните податоци од комуникациите постојано се злоупотребуваа и губеа, што резултираше со неовластено откривање на доверливи информации на приватни и деловни контакти, движења и активности. Исто така, се покажа дека податоците од комуникациите се посебно подложни на неоправдани сомневања, со што невини граѓани подлежат на кривични
истраги.
Европската комисија во моментот подготвува предлог за ревидирање на Директивата на ЕУ за задржување податоци, но сè уште не сака да се откаже од непопуларната политика



