Германската влада потпиша „волонтерски договори“ со 5 големи интернет провајдери за филтрирање на детска порнографија преку системот на имиња на домени (DNS).

Германската влада, преку министерот за семејни прашања Урсула вон дер Лејен како и шефот на Сојузната канцеларија на криминалната полиција (BKA) Јорг Зирк, на 17 април, 2009 г. потпиша „волонтерски договори“ со 5 големи интернет провајдери (Дојче Телеком, Водафон/Аркор, Ханс Нет, Кабел Дојчланд и Телефоника О2 кои држат 75 отсто од германскиот пазар за интернет пристап) за филтрирање на детска порнографија преку системот на имиња на домени (DNS). 

Истовремено, беше инициран нацрт-закон на истата тема од страна на министерот за економија, Карл-Теодор Гутенберг, кој е одговорен за законот телемедија што всушност ги влошува работите повеќе од очекуваното. Германската влада го одобри законот на 22 април 2009 г. Текстот покажува дека на интернет провајдерите ќе им биде „дозволено“ да евидентираат кој се обидел да пристапи до веб-сајт од црната листа, а полицијата ќе може да побара вакви информации. Понатаму, црната листа исто така може да содржи веб-сајтови на кои има само линкови до детска порнографија, но не и содржини.

Канцеларијата на германската сојузна криминална полиција ќе биде одговорна за креирање на тие листи и новиот закон ги обврзува сите провајдери со повеќе од 10.000 корисници (приближно 97% од сите интернет провајдери) да блокираат порнографски веб-сајтови од тие листи. Нивната содржина нема да биде објавена јавно, со што нема да се остави можност да се провери нивната точност. Оние што ќе се обидат да пристапат до страниците од црната листа ќе видат само стоп знак.

Министерството за семејни работи проценува дека списокот ќе биде составен од „најмалку илјада“ интернет страници. Пред извесно време, министерот потврди дека цензурата би можела да биде зголемена за да ги исклучи другите содржини од интернет, изјавувајќи: детската порнографија е проблематично прашање и јасно се идентификува“, но „не можете да го исклучите она што сојузната влада може да посака да го исклучи во иднина“.

Сепак, мерката е илузорна според 500 протестанти кои се собраа во Берлин во петокот, на 17 април 2009 г., да протестираат против оваа мерка која се смета за прв чекор кон политичката цензура на интернет.

На веб-сајтот netzpolitik.org членот на ЕДРи, Ралф Бендрат ги објаснува главните проблеми на мерката: „Веб-филтрите не се само алатка за отстранување на нелегални содржини од интернет. Тие се алатка за цензурирање. Доколку сакате да се отстрани нелегална содржина од интернет, напишете е-порака до хостинг компанијата и за неколку часа таа содржина ќе биде отстранета. Со самото поставување на веб-сајтот на список за интернет цензура, вие не го отстранувате истиот. Понатаму, Владата ги игнорира фактите. Според научните студии, нема масовен пазар за детска порнографија на веб-сајтови, а поголемиот дел од материјалот се разменува преку приватни мрежи, сајтови за споделување на датотеки или офлајн. Така, ние ги гледаме овие активности само како симболични и како дел од започнатата изборна кампања, додека истовремено се воспоставува опасна инфраструктура за општа цензура.“

Според членот на ЕДРи – Chaos Computer Club, филтрирањето на DNS не функционира. „Ќе биде многу лесно да се избегне овој филтер“, изјави портпаролот Матијас Мелдау. Секој корисник што сака да го избегне стоп знакот, ќе треба само да ги замени DNS серверите со еден од OpenDNS серверите кои се бесплатно достапни на неколку веб-сајтови.

Со тоа, протестантите објаснија дека всушност парите и енергијата потрошени на креирање на црни листи ќе бидат многу подобро искористени за да се фатат луѓето кои нудат детска порнографија преку нивните сервери. Исто така, се чини дека поголемите интернет провајдери се „уценувани“ од страна на Владата да го потпишат „доброволниот“ договор, за да не бидат поврзувани со детска порнографија.

Five German online companies agree to obstruct child porn (19.04.2009)
http://silverscorpio.com/five-german-online-companies-agree-to-obstruc…

German Cabinet approves new law to ban child pornography Internet sites (22.04.2009)
http://www.dailypress.com/news/nationworld/sns-ap-eu-germany-child-por…

Opinion on Germany’s possible internet censorship (17.04.2009)
http://www.matejunkie.com/opinion-on-germanys-possible-internet-censor…

 

Извор: ЕДРИ-грам „German Government forces ISPs to put web filters“ бр. 7.8, 22 април, 2009.