Дојче Бан (Deutsche Bahn), германската национална железница, објави дека успешно префлила 55.000 корисници на Лотус ноутс (Lotus Notes) на оперативен систем со отворен код
Дојче Бан (Deutsche Bahn), германската национална железница, објави дека успешно префлила 55.000 корисници на Лотус ноутс (Lotus Notes) на оперативен систем со отворен код. Исто така, системот за информации што се користи за објавување и одржување на возниот ред работи на Линукс.
Дојче Бан постепено се префрла на Линукс и очекува дека процесот ќе заврши до крајот на 2005 година до кога критичните системи, како што се базите на податоци, апликациските сервери, веб-серверите, серверите за електронска пошта и мрежната инфраструктура треба да работат на Линукс.
Ова е еден од најголемите проекти за префрлање на Линукс. Во месец мај 2003 година, Минхен, трет град по големина во Германија, одлучи да инсталира Линукс и апликации со отворен код на 14.000 компутери во јавната администрација.