На 5 април 2011г., владејачките конзервативна и либерална партија на Германија во текот на состанокот на коалицискиот комитет се согласија да го повлечат оспорениот Закон за блокирање на интернет на материјали со злоупотреба на деца.
Законот беше донесен од страна на претходниот парламент во јуни 2009 година, но никогаш не беше целосно имплементиран откако новоизбраната коалиција одлучи да ги користи единствено одредбите на законот за отстранување на веб-сајтови, но не и одредбите за блокирање. По една година „пробен период“, се чини дека новиот консензус е да се повлече законот со усвојување на нов акт на Собранието.
Се шпекулира дека одлуката можеби е дел од еден поширок „пакет спогодби“, со кој би можело да се врати задржувањето на податоци во Германија откако германскиот Уставен суд го прогласи Законот за задржување податоци како делумно неуставен, што беше одбиено од страна на пратениците од либералната партија на Германија, FDP . Германските групи за дигитални права ја поздравија одлуката за Законот за блокирање, но ќе надгледуваат како истата се спроведува детално.
EDRi-gram on the ruling against Germany’s data retention law (10.03.2010)
Извор: ЕДРИ-грам „German Internet blocking law to be withdrawn“ бр. 9.7, 6 април, 2011.