Градот Скопје потпиша договор за изработка на софтверска апликација за електронски јавни набавки
Градот Скопје потпиша договор за изработка на софтверска апликација за електронски јавни набавки. Договорот е потпишан од претставниците на Импакт-проектот, кој го финансираат УСАИД и Инфинит солушнс, во партнерство со СЕАВУС.
Системот за електронски јавни набавки треба да обезбеди ефективна платформа за спроведување целосно транспарентни и штедливи јавни набавки.
Меѓународното искуство покажало дека институциите што ги вршат јавните набавки со информативна технологија заштедуваат многу пари. Со оглед дека овој систем ќе се употребува само за градот Скопје, искуството внимателно ќе се оценува, по што ќе се утврди дали може да се користи во други градови во Македонија.