Со неодамнешното повлекување на контроверзната програма TIA (Terrorist Information Awareness) на администрацијата на Буш, за глобално набљудување во САД, граѓаните се здобија со повторна слобода.

Со неодамнешното повлекување на контроверзната програма TIA (Terrorist Information Awareness) на администрацијата  на Буш, за глобално набљудување во САД, граѓаните се здобија со повторна слобода.

Веб страницата која што ќе биде пуштена на користење при крајот на 2003 година, ќе им овозможи на луѓето да објавуваат информации за активностите на владините организации, владините претставници и судството.

Двајца истражувачи од лабораторијата за медиуми при Институтот за технологија од Масачусетс, кои стојат зад проектот, се соочуваат со еден сериозен проблем:

како да се заштитат себеси од законските прописи, доколку некои од објавените содржини се покажат како невистинити.

Тие велат дека одговорот е да се позајми технологијата од андерграунд заедницата за размена на музички фајлови.

Наместо да ги складираат податоците на еден сервер, тие планираат да користат peer-to peer технологија,

т.е. да ги дистибуираат наоколу во интернет мрежата, на сличен начин како познатиот Napster софтвер, кој ги соединува музичките фајлови кои се наоѓаат на различни локации, од каде можат директно да се даунлодираат.

Исто како програмата TIA, новата веб страница, наречена GIA (Government Information Awareness),

е дизајнирана така да собира кратки информации за изградба на база на податоци, која подоцна ќе може да биде пребарувана за да се откријат форми на сомнително однесување.