Одржана ИЦЕДА – Онлајн информативна сесија за грантова шема на 10.09.2020

12.01.2021

Грантови

Во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA” кој е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија), Фондација Метаморфозис организираше онлајн информативна сесија во форма на вебинар за потенцијални апликанти на Повикот за апликации за грантови за граѓански организации.

Сесијата се одржа на 10.09.2020 година (четврток) во 10:00 часот на ZOOM платформата со времетраење од околу 1 час и половина, и на истата присуствуваа околу 100 заинтересирани учесници.

Сесијата се одвиваше на македонски јазик и се состоеше од кратко претставување на Метаморфозис, проектот, Повикот и одговарање на поставените прашања во врска со Повикот.

Снимката од сесијата може да ја најдете тука.

Сите заинтересирани потенцијални аплликанти се поканети да го разгледаат документот ЧПП – Често поставувани прашања.

За сите останати прашања во врска со Повикот, сите заинтересирани страни се поканети да ги испратат писмено на iceda@metamorphosis.org.mk најдоцна до 15.09.2020.

 

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис, Отворени податоци Косово (ODK), Академија за е-владеење (eGA), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Lëvizja MJAFT, НВО 35 MM.

mediumski-item-img-1.png

Резултати од Повикот за предлог-проекти на Хакатонот за дигитална демократија

Повикот за предлог-проекти на Хакатонот за дигитална демократија генерираше силен интерес, при што беа примени вкупно 61 апликација од 11 различни земји (Албаниjа, Црна Гора, Северна Македонија, Косово, Молдавија, Украина, Казахстан, Киргистан, Грузија,

mediumski-item-img-1.png

Јавен повик за аплицирање за мали грантови за продукција на медиумски содржини

Проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан објавува Јавен повик за аплицирање за Мали грантови за продукција на медиумски содржини за апликанти од Северна Македонија. Проектот SMS Facility –

mediumski-item-img-1.png

Повик за апликации – Грантови за граѓански организации

ИЦЕДА со задоволство ве информира за претстојниот Повик за апликации што би обезбедил поддршка на ГО за промовирање на Дигиталната агенда преку вториот циклус на грантовата шема за мали грантови ЛОТ 2: Доделување