Повик за апликации – Грантови за граѓански организации

12.01.2021

Грантови

ИЦЕДА со задоволство ве информира за претстојниот Повик за апликации што би обезбедил поддршка на ГО за промовирање на Дигиталната агенда преку првиот циклус на грантовите шеми за мали грантови ЛОТ 1: Доделување на субгрантови за центрите за поддршка на е-Влада, доделување 15 мали грантови на ГО од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија (целта е приближно 3 грантови по земја), во опсег од 13.000 до 17.000 евра по грант. Времетраењето на спроведувањето на одделните грантови е 18 месеци.

Повеќе информации може да се најдат во Огласот за Повик за апликации.

Целосниот опис на Повикот, како и формуларите за апликација можете да ги најдете на следнителинкови.

 

Информативни сесии

Онлајн информативна сесија за потенцијални апликанти ќе биде организирана од страна на партнерите на проектот ИЦЕДА, во форма на вебинари со времетраење до 1 час. По една информативна сесија ќе се во рамките на секоја од петте земји од Западен Балкан, спроведена на локалните јазици.

За Северна Македонија сесијата ќе се одржи на 10.09.2020 година во 10:00 часот (следете @ metamorphosis.foundation за повеќе информации).

Следете го Facebook профилот и Twitter страницата на проектот за повеќе информации.

 

Каде да аплицирате и да ги испратите документите?

Апликантите на кои им требаат појаснувања или им требаат дополнителни информации за Повикот за апликации, можат да ги испратат имеил на iceda@metamorphosis.org.mk пред 15.09.2020 за да можат да ги добијат одговорите навреме пред крајниот рок за поднесување на апликациите.

Краен рок за аплицирање: 30.09.2020 до 23:59 CET.

Апликациите треба да се испраќаат исклучиво по имеил на iceda@metamorphosis.org.mk. Формуларите за аплицирање мора да бидат пополнети на англиски јазик

 

 

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис, Оворени податоци Косово (ODK), Академија за е-владеење (eGA), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Lëvizja MJAFT, НВО 35 MM.