Гугл ги намали цените на акциите што планира да ги продаде на јавна аукција која се очекуваше со нетрпение…

Новата цена се движи од 85 до 95 долари за акција што значи намалување за околу една четвртина од првичната цена којашто изнесуваше од 108 до 135 долари за една акција што ја вреднуваше компанијата на околу 36 милијарди долари. Планираната флотација е одложена најмалку за еден ден затоа што документацијата за акциите што треба да се продадат треба да биде одобрена од регулаторите. Гугл се надева дека ќе добие одобрение и дека аукцијата ќе биде завршена во 20 часот по средноевропско време во среда.

Комисијата за безбедност и тргување не даде никакво образложение за одложувањето на аукцијата. Откако ќе добие одобрение од Комисијата, Гугл нема повеќе да прима понуди за акциите и за неколку часа ќе започне со тргување.

Нормално, пониската цена значи дека и бројот на акциите за продажба е намален. Во прилогот објавен на неговиот сајт, Гугл објавува дека акционерите што продаваат сека ќе понудат околу 5.5 милиони акции, што е помалку од половина од акциите што беа планирани да се продадат. Меѓу оние кои го намалија бројот на понудени акции за продажба се основачите на Гугл, Лери Пејџ и Сергеј Брин, голем број на раководители на компанијата и компании кои вложувале во Гугл и имаат голем придонес во експанзијата на компанијата.