Откако „Мајкрософт“ минатата година го пушти во употреба Bing, Google воведува нови опции за пребарување со прилично брзо темпо. Според неколку онлајн извештаи, компанијата во моментов тестира опција за „инстантно пребарување“ којашто ги прикажува и менува резултатите од пребарувањето додека пишувате.
Роб Аузби, консултантот за оптимизација на пребарувачи, за првпат ја забележал опцијата на неговиот сопствен компјутер за време на викендот.
Функцијата нуди резултати додека корисникот сè уште пишува во полето за пребарување на Google.com. Во моментов, се чини дека одликата Instant Search (инстантно пребарување) не е имплементирана за сите корисници – се обидовме да ја користиме на нашите компјутери три дена откако за првпат се појави, но не видовме како функционира. Сепак, судејќи според видеото на Аузби, се чини дека пребарувањето е навистина брзо.
Портпаролот на Google не можеше да ја потврди или негира автентичноста и точноста на видеото. „Ние вршиме 50 до 200 експерименти за пребарување во секое време“, изјави тој.
Портпаролот посочи кон напис објавен во 2006 година од официјалниот блог на Google насловен како, „Ова е тестирање. Ова е само тестирање“.
„Од време на време, спроведуваме експерименти „во живо“ на Google – тестови коишто се видливи за релативно мал број на луѓе – за тие луѓе да ги откријат подобрите начини на пребарување“ се вели во написот. „Ние тоа го правиме затоа што нема доволно добра алтернатива да дознаеме како вистинските луѓе всушност функционираат во ситуации од реалниот свет“.
Извор: PC MAG “Google Testing ‘Instant Search’ Feature” 24 август, 2010.



