Министерството за правда на САД бара од Гугл да даде податоци за тоа што бараат луѓето
Министерството за правда на САД бара од Гугл да даде податоци за тоа што бараат луѓето. Од Гугл се бараат информации за типот на пребарувањата во текот на една недела и веб-сајтовите што се вклучени во неговиот индекс.

Министерството ги бара податоците за да се обиде да докаже на суд дека има правилен пристап во спроведувањето на законот за он-лајн порнографија. Тие додаваат дека наредбата нема да ја наруши индивидуалната приватност, но Гугл смета дека е премногу широка и дека ги загрозува деловните тајни. Министерството за правда изјави дека некои од најголемите конкуренти на Гугл, вклучувајќи ги Јаху и МСН, веќе се согласиле со нивното барање.

Владата на САД се обидува да го одбрани Законот за заштита на децата он-лајн од 1998г. кој беше блокиран од Врховниот суд на САД поради законските нарушувања при неговото спроведувања.

Гугл смета дека давањето на податоците ќе предизвика неговите корисници да мислат дека пребарувачот е подготвен да ги открие нивните лични информации како и да им овозможи на конкурентите пристап до деловните тајни.

Извор: БиБиСИ Њуз