Гугл објави дека започнува со тестирање на нова услуга. На луѓето ќе им бидат потребни само мобилни телефони за да испратат порака со текст Google’s Web search.

Во четвртокот, 5 октомври, Гугл објави дека започнува со тестирање на нова услуга. На луѓето ќе им бидат потребни само мобилни телефони за да испратат порака со текст Google’s Web search.

Гугл СМС им нуди на луѓето добивање на прецизни одговори на прашањата што ги испратиле преку нивните мобилни телефони. Услугата функционира на следниот начин: се испраќа прашање во вид на текстуална порака и како одговор можат да се добијат телефонски броеви, зборови од речник или цени на производи. Пораките се текстуални, без линкови и без веб страници. Само одговорите на прашањата.

Услугата е бесплатна и од Гугл најавија дека немаат намера да го променат тоа во блиска иднина. Нив ги интересира како луѓето ќе реагираат на услугата и колкава ќе биде најзината искористеност. За жал, Гугл СМС е достапен само во САД и само на англиски јазик.

Следете го линкот за да го посетите веб сајтот на Гугл СМС.