Градскиот совет на Хелсинки сака неговиот оддел за ИТ да продолжи со користење на алтернативите базирани на слободен софтвер за да помогне градот да се ослободи од затворањето на форматите на комерцијалниот софтвер. Вчеравечер педесет од 85-те членови на советот на Градот поддржаа резолуција со која на одделот за ИТ му се наложува да продолжи да го поддржува канцеларискиот пакет базиран на слободен софтвер.

„Одделот за ИТ мора да дејствува за да не зависи од еден произведувач на софтвер“, се вели во решението на членовите на советот. „(Затворањето со комерцијален софтвер) го изложува градот на одредени оперативни и финансиски ризици. На пример, добавувачот на ИТ може да ги диктира цените на лиценците и да го контролира форматот на датотеките со документи на Градот“.

Членовите на советот му пренесоа на одделот за ИТ дека сакаат континуирана поддршка за пакет од канцелариски алатки за продуктивност што не зависи од производителот, т.е. OpenOffice или LibreOffice. Оваа алтернатива базирана на слободен софтвер мора да се одржува и ажурира редовно.

Предложената акција е релативно евтина, вели Советот. Советот додава дека на тој начин во голема мера ќе се помогне да се намали цената на комерцијалните софтверски лиценци, кои градот наскоро ќе ги обновува, а кои ќе повлечат милионски трошоци.

„Ажурирањето на LibreOffice е всушност минимумот што го бараме“, коментира членот на градскиот совет Јохана Сумувуори, која ја иницираше резолуцијата. Таа изјави дека минатата недела одделот за ИТ на градот повторно ја известил дека ќе ја прекине поддршката за канцелариските алатки базирани на слободен софтвер, а како причина биле наведени трошоците.

Извор: Joinup.eu „Helsinki council presses IT department to continue using open source“ 14 јуни, 2012.