На барање на холандскиот парламент на 26 ноември 2009 година, холандскиот министер за правда вети дека ќе обезбеди поголема транспарентност во однос на прислушувањето.
Во споредба со други земји, холандската влада прислушува релативно многу по глава на жител. За време на една дебата во Парламентот, членовите на парламентот изразија загриженост поради недостигот на транспарентност и инсистираа на поголема отчетност.
Во одговор на тоа, министерот за правда прво посочи дека Владата ќе обезбеди информации за тоа колку интернет корисници се прислушуваат. Владата исто така вети дека ќе подготви извештај за ефикасноста на прислушувањето. Во извештајот ќе се анализира дали е потребно прислушување до тој степен, и колку се почитува обврската за известување. Обврската за известување е обврска за информирање на лицата дека биле прислушувани. Во извештајот, исто така, ќе биде наведено колку барања за овластување на прислушување биле одбиени од судот.
Bits of Freedom, во подготовка за дебатата, напиша документ наменет за членовите на Парламентот, инсистирајќи на поголема отчетност. Неколку волонтери учествуваа во подготовката на документот.
Извор: ЕДРИ-грам „The Netherlands promises transparancy regarding wiretapping” бр. 7.24, 16 декември 2009.



