Холандската влада соопшти дека нема да го забрани неовластеното преземање на материјал заштитен со авторски права, ако станува збор за приватно копирање.

Владата го соопшти ова на 4-ти февруари, 2013 година со писмо до Собранието, ставајќи крај на жешката дебата која траеше со години. Како резултат на тоа, Холандија останува една од ретките земји во Европа каде симнувањето без одобрение од сопствениците на правата е дозволено доколку преземањето се врши под исклучокот за приватно копирање. Холандската организација за дигитални права Bits of Freedom нагласи дека ова треба да биде првиот чекор во насока на долго очекуваната модернизација на системот за авторски права.

Холандската влада одговори на овогодишната резолуција на холандското Собрание. Во оваа резолуција, Собранието ја повика владата да продолжи со примената на исклучокот за преземање поради приватно копирање. Собранието го стори тоа откако владата не одговори на слична резолуција една година порано, туку продолжи со своите планови за укинување на исклучокот за преземање поради приватно копирање. Сега, сепак, го призна поразот поради постојаниот отпор.

Bits of Freedom се надева дека со оваа одлука се трасира патот за модернизација на системот за авторски права. Последните политички заложби се фокусираа на криминализацијата на споделувањето од страна на поединечни корисници на интернет. Ова е контрапродуктивно и не се осврнува на вистинскиот предизвик: да се осигури дека знаењето и културата се споделуваат што е можно пошироко, истовремено обесштетувајќи ги сопствениците на правата. Во таа насока, холандската влада треба да почне заедно со Собранието да ги истражува моделите за надомест.

Извор: ЕДРИ-грам „Dutch government maintains private copying-exception for downloading“ бр. 11.3, 13 февруари, 2013.